Програмата на краток филм


ПРОГРАМАТА НА КРАТОК ФИЛМ


Дарјан Пејовски
Дарјан ПејовскиСелектор на програмата за краток филм

Во време кога постојано слушаме дека европскиот филм е во криза, сосема случајно, од стотина апликации, одбравме десет филмови, од кои повеќето се токму европски. Тоа е показател дека иднината и авторскиот потенцијал лежат токму во краткиот филм, без разлика дали станува збор за искусни филмаџии или студенти.

Иако секоја селекција е субјективна, неретко неблагодарна, и овој пат, како и минатата година, се потрудивме да одбереме филмови што ќе ги претстават различностите и слободата на кратката форма: од социјално ангажирани приказни, до крајно субјективни, авторски фантазии.

„Комбето” – Албанија, „Мајка на…” – Израел, „Јупитер” и „Момчето со карирана кошула” – Германија, „Заеднички градини” – Литванија, „Смрзната до смрт, мокра до гола кожа” и „Новиот живот” – Шпанија, „Bера” – Северна Македонија, „Чудовишен бог” – Аргентина, „Одложен лет” Иран/Италија…

Во секој од овие филмови јасно може да се види кинематограферската вештина и, воопшто, склоноста кон визуелниот начин на нарација, што е, впрочем, и суштината на филмската уметност.

Марија Апчевска
Даријан Пејовски
Селектори на кратките играни филмови

[events-calendar-templates template=”default” style=”style-1″ category=”short-film-program” date_format=”full” start_date=”2019-09-14″ end_date=”2019-09-21″ limit=”20″ order=”ASC” hide-venue=”no” time=”future” featured-only=”false” columns=”2″ autoplay=”true” tags=”” venues=”” organizers=”” socialshare=”no”]