МАК ПОИНТ


Ана Василевска
Ана Василевскаселектор и координатор на „Мак поинт“

РЕАЛИЗАМ ИЛИ ПРОВОКАЦИЈА ОД МИГОТ – ЛУЦИДЕН ИЗРАЗ НА МЛАДИТЕ АВТОРИ

Во пресрет на јубилејот на нашиот најзнача­ен филмски фестивал ИФФК „Браќа Манаки“, програмата „Макпоинт“ ќе понуди 14 најнови краткометражни, документарни и анимирани филмови, за кои годинава фестивалската публи­ка првпат ќе биде искрен оценувач на творечка­та работа, актерската игра, камерата, музиката, односно ќе може да се изјасни за својот компле­тен филмски фаворит.

Дали оваа задача ќе биде едноставна кога пред себе ќе имаат широка палета филмови кои се сработени со голема посветеност? Можеби не се рамноправни во техничката реализација,некои од нив подобри во сценариото, некои, пак, во кинематограферската точност, но сигурно кај секој од овие автори може да се препознае дека доминираат идејност, креативност и евидентна љубов кон филмската креација.

Жанровската и тематската разновидност, која осцилира од ултра урбани и модерни приказни до тие кои се фаќаат за традиционални или интригантни теми од актуелниот општествен миг, ќе ни дадат јасен увид каде се насочени и авторите и ќе нè прошетаат низ нивниот сензибилен приод.

Интересна естетика во „Јас не сум Игор“, реа­лизмот во дури два филма што се фокусираат на најгорливиот проблем со загадениот воздух „Скопје 2020“ и „Пепел“, документарните „Теа­тарот Скупи“, „Медула“, „Писмото го донесе шам­пионот“, параноичната краткометражна драма „Бебето“, приказната за човекот што не сака да ги прифати правилата на новото време во „Другарот“ и сите други филмови оваа година ќе заокружат убава програмска приказна која ќе биде доволно инспиративна за публиката.

И некои нешта се чиста коинциденција, но, сепак, оставаат сомнеж и верба во сентенцата дека ништо не е случајно, па така минатата година македонската кинематографија остана без еден од своите најголеми режисерски имиња Кирил Ценевски, а истава година нè напушти и најголемиот вљубеник во филмот кој трпеливо и речиси без никакви средства сработи неколку филма, професорот Стефан Сидовски, чиј последен филм „Последното кафе“ премиерно ќе биде прикажан на „Макпоинт“. Таму каде што застанаа овие силно референтни автори, со голема одговорност треба да продолжат новите генерации на македонски филмаџии. Нашата кинематографија не е дрво без корен туку веќе плодоносно растение кое носи големи успеси од европските и светски фестивали. „Макпоинт“ љубопитно ќе ги дочека новите 40 години од овој фестивал и ќе остане отворен за сите нови возбудливи македонски филмски поенти, а наградата од публиката ќе биде дополнителен мотив за креативен натпревар во македонската филмска продукција.

Ана Василевска,
селектор и координатор на „Макпоинт“

17 септември 2019 19:50
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map
17 септември 2019 19:50
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map
18 септември 2019 19:50
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map
18 септември 2019 19:50
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map
18 септември 2019 19:50
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map
18 септември 2019 19:50
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map
18 септември 2019 19:50
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map