Loading Events
This event has passed.

Македонија / 1986 / 125’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Stole Popov
Кинематографер/Cinematographer: Misho Samoilovski
Сценарио/Screenwriter: Gordan Mihic

УЛОГИ

Svetozar Cvetkovic, Vladica Milosavljevic, Meto Jovanovski, Dushko Kostovski, Petar Arsovski, Sinolichka Trpkova, Milica Stojanova, Mite Grozdanov, Aleksandar Djorchev – Aco, Goce Todorovski & Kire Simonovski

СОДРЖИНА

Ова е приказна за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драгослав се враќа од Советскиот Сојуз во Скопје, со својата девојка Вера. Доаѓа во време на голема политичка несигурност и е под сомнение од страна на тајните служби дека работи како руски шпиoн. Неговиот брат, Коста, се снаоѓа како знае и умее, користејќи се со измами и уцени, но со желба и идеја да преживее – по секоја цена. Кога Драгослав ќе биде приведен на сослушување и неговата судбина ќе стане неизвесна, Коста ќе ѝ се додворува на Вера.  филмското дејство се одвива во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и сталинизмот.

Награди: – Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула, – Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула – Награда ” Милтон Манаки” од југословенската филмска критика за СтолеПопов 1986 ФЈИФ, Пула–„Златен гладијатор”, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш – Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања, 1986 ФФ „Милтон Манаки“, Битола, Златна плакета „Милтон Манаки“ за Мишо Самоиловски 1986 ФФ, Југословенски кандидат за Оскар 1986 – Тринаесеттоноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ