Loading Events
This event has passed.

ФИЛМСКИ РАЗГОВОРИ: УСПЕХ: ОТСКОК ИЛИ СТАПИЦА?!

Што е успех? Фестивалски награди, полни киносали…Дали успехот е страв или поттик за авторот?  Отскок или стапица? Цел за себе? Можно ли е да се создава филм без да се мисли на (не)успех?

Филмските разговори се корисни бидејќи имаат моќ да пренесат лични приказни и доживеани искуства.  Учесниците во разговорот не се случајно поканети. И бидејќи тезата за тоа што е успех е дискутабилна, а за дискутабилните нешта секогаш има потреба да се разговара, тие секако ќе имаат што да кажат.

Филмските разговори се организирани од МЕДИА Деск МК во соработка со МЕДИА Деск Хрватска и Германија, како и со нашиот домаќин ИФФК „Браќа Манаки“, чие 40-то издание е поддржано од Креативна Европа МЕДИА.

Ве очекувам,

Бистра Георгиева

Раководител на МЕДИА Деск МК и модератор на филмските разговори

PARTICIPANTS:

РАЈНЕР КЛАУСМАН

Рајнер Клаусман e швајцарски кинематографер. Најпознат е по неговата тандемска соработка со германскиот режисер Фатих Акин. Филмови на кои соработувале се: ОД НИШТО (на 38. ИФФК „Браќа Манаки“ ја доби „Сребрената камера 300“); ЗБОГУМ БЕРЛИН (2016), ПРЕСЕК (2014), СОУЛ КИЧЕН (2009), НА РАБОТ НА РАЈОТ (2007), СО ГЛАВА ВО ЅИД (2004, добитник на „Златната камера 300“ на 25. Фестивал „Браќа Манаки“), СОЛИНО (2002). Работел и со Вернер Херцог на филмовите ВРИСОКОТ ОД КАМЕН (1990) И ЛЕКЦИИ ПО ТЕМНИНА (1991, документарен). Клаусман соработувал и со режисерите Маркус Имбоден, Еран Рилис, Оливер Хиршбигел, а за филмот БАДЕРМАЈНХОВ КОМПЛЕКС на режисерот Ули Едел ја добил наградата Бронзена жаба на фестивалот Камеримаж во 2008 година.

 

ЕЛЕОНОРА ВЕНИНОВА

Елеонора е сценаристка и режисерка на филмови и ТВ серии. Нејзините филм „Влакна“ и „Борба за смрт“ добиле десетици награди и биле прикажувани на над 60 фестивали низ светот. Нејзиниот последен краток филм „Знакот“, кој режисерски го потпишува заедно со Јона Розенкиер, имаше премиера во програмата „Кензен“на Канскиот филмски фестивал во 2019 година. Во моментов го развива својот прв долгометражен игран филм „Ефектот Сабатије“, финансиран од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

 

МАКС ЦАЛЕ

Макс Цале е роден во Хановер во 1977 година и пораснал во германскиот град Целе. Од 2001 година наваму режирал неколку музички видео-спотови, реклами и кратки филмови. Од 2008 до 2010 година студирал филмска режија на Школата за медиуми во Хамбург. Неговиот дипломску филм РАЖУ добил повеќе од 40 награди, вклучувајќи го и бронзениот студентски Оскар во 2011 година. Во 2012 година Цале го снимил својот дебитантски игран дилм ШРОТЕН! кој се напреварувал за наградата Мак Офлус во 2016 година и ја добил Наградата на публиката. Во 2018 година Макс ја режира ТВ драмата БИСТ ДУ ГЛУКЛИХ која имала премиера на Филмскиот фестивал во Хамбург и ја добила наградата за Најдобра ТВ драма на Биберахер филмфестшпил.

 

ДУБРАВКА ТУРИЌ

Дубравка Туриќ е режисерка, сценаристка и монтажерка. Дипломирала на Академијата за драмски уметности на Универзитетот во Загреб, Хрватска. Нејзиниот прв краток игран филм „Беладона“ го доби Златниот Лав, Наградата „Оризонти“ за најдобар краток филм на 72-иот Филмски фестивал во Венеција во 2015 гоодина. Филмот исто така бил прикажуван на Филмскиот фестивал „Санденс“, Филмскиот фестивал во Ротердам и многу други. Нејзиниот втор краток игран филм „Цреши“ имал премиера на Кан, во официјалната програма на „Режисерска двонедела“ во 2017 година. „Тина“, нејзниот трет краток филм е во конкуренција на Филмскиот фестивал во Сараево 2019 година. Дубравка исто така ја потпишува монтажата на над триесет играни, експериментални и анимирани филмови, над двеста реклами, а исто така работела и како сценаристка на ТВ документарни серии. Во моментов ги развива своите играни филмови „Траги на полпат“ и „Рајно“ во Филмската лабораторија во Торино.