ДЕЈЛИ новости2017-09-29T09:38:46+02:00

ДЕЈЛИ НОВОСТИ


 

Еуримаж ги презентираше новите критериуми на фондот за поддршка и развој на кинематографиите

16th септември 2019|

16 септември, Битола – Еуримаж одржа презентацијата на новите критериуми за членките на овој европски фонд за поддршка и развој на кинематографиите од континентот. На почетокот на презентацијата директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска, ги претстави гостинот Серџо Гарсија де Леаниз, проект-менаџер на Еуримаж, и македонскиот национален претставик во оваа асоцијација, Татјана Ќурчинска-Пепељугоска. Еуримаж е основан во 1989

Документарниот филм „Џезмен“ на Аљоша Симјановски имаше специјална проекција на фестивалот

16th септември 2019|

16 септември, Битола – Специјалната проекција на филмот „Џезмен“ на Аљоша Симјановски беше предмет на денешниот разговор помеѓу авторот и Гена Теодосиевска, како селекторка на документарната програма. Тие разговараа за џезот како едно духовно секојдневие, Велибор Педевски - голем љубител на џезот, кому му е посветен филмот, Скопскиот џез фестивал... -Филмот премиерно беше прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“, а

Кинематограферот Силван Хилман направил опсервирачка перспектива на градот Цирих

16th септември 2019|

16 септември, Битола – Кинематограферот на филмот „Ним им е добро“, Силван Хилман од Швајцарија на средбата со новинарите рече дека се приклучил една година пред да почне снимањето. -Режисерот сакаше да направи филм за Цирих, градот во кој и двајцата живееме и на некој начин ова е портрет на градот. Идејата за статични кадри беше заедничка, имавме мал

Иван Мариновиќ и Сехад Цекиќ зборуваа за Филмскиот центар од Црна Гора и за филмот „Игла под прагот“

16th септември 2019|

16 септември, Битола – Слаѓан Пенев, селекторот на програмата „Европски перспективи“ ги претстави авторите од Филмскиот центар од Црна Гора, Иван Мариновиќ и Сехад Цекиќ. Оваа година има 5 филма од Црна Гора на фестивалот. Тоа е земја во фокус. - Нашиот Центар за филм поддржува филмска продукција, членови сме на Медиа деск и Еуроимаж. Има големи промени во

Со режисерката на филмот заедно трагавме по есенцијата на емоцијата, рече Вал

16th септември 2019|

16 септември, Битола – Со кинематограферката на филмот „Момчето со карирана кошула“, Катерина Вал, разговараше селекторот Даријан Пејовски. -Имавме блиска соработка со режисерката. Работата беше чувствителна бидејќи работевме со деца во повеќе училишта. Го имавме сценариото и се обидовме да го најдеме јадрото и да ги прикажеме чувствата на децата на јазик кој ќе го објасни тоа надвор од

Во одлуката за наградите жирито ќе даде сѐ од себе да се препознае квалитетот на добрата слика во најдобрите филмови

16th септември 2019|

16 септември, Битола – Главното жири кое ќе одлучува за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 годинава е во состав: Ед Лакман (претседател), Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ. Во составот на жирито доминираат кинематограферите, при претставувањето на жирито нагласи селекторот на главната програмата на Фестивалот и уметнички директор, Благоја Куновски - Доре.

Познатиот режисер Фатих Акин пристигна во Битола

16th септември 2019|

16 септември, Битола –  Попладнево во Битола пристигна специјалниот гостин на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин. Го пречека директорката Гена Теодосиевска и му посака топло добредојде на фестивалот, откако тој од аеродромот во Скопје стигна во Битола. Тој се заблагодари за поканата и рече дека одамна сакал да дојде на „Браќа Манаки“и дека веќе се

Почна детската програма на 40. ИФФК „Браќа Манаки“

16th септември 2019|

На Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и оваа година има сегмент посветен на најмладата публика во рамките на Јуниор програмата. На првиот ден децата имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот „Дива вештерка“ на режисерот Каспар Мунк, а на проекцијата присуствуваа ученици од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Стив Наумов“. По проекцијата, во соработка со

Македонската Кинотека прикажа филмови од браќата Манаки во битолската „Магаза“

16th септември 2019|

Со проекција на првите филмови на Балканот снимени од браќата Манаки, како први балкански кинематографери, почна програмата на Кинотеката на Северна Македонија на 40. ИФФК „Браќа Манаки“. Прикажаниот филмски материјал од браќата Манаки беше во траење од околу 50 минути, а проекцијата со една анегдота ја најави Владимир Ангелов, директор на Кинотека на Северна Македонија. - Можам да ви