ДЕЈЛИ новости (2017)2019-08-20T22:28:43+02:00

ДЕЈЛИ НОВОСТИ 2017


Чествување на Милтон Манаки на влашките гробишта во Битола

29th септември 2017|

Делегациите на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Влашката заедница во Битола и градот Битола, денеска положија цвеќе на гробот на Милтон Манаки. Претседателот на годинашното жири на фестивалот, кинематограферот од Норвешка Пол Рене Ростад, кој е и претседател на асоцијацијата на кинематографери ИМАГО, рече дека е почестен што е дел од делегацијата на „Браќа Манаки“. Делегацијата ја

Промовирана е монографијата „Манаки – приказна во слики за Јанаки и Милтон“

29th септември 2017|

На 38. ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа промоција на Монографијата за браќата Јанаки и Милтон Манаки, на Роберт Јанкулоски. Синоќа беше прикажан и документарниот филм, исто така во режија на Роберт Јанкулоски, кој говори за фотографиите на браќата Манаки. Филмологот Игор Старделов од Кинотеката на Македонија, кој ја промовираше книгата, рече дека бил пресреќен што конечно некој се нафатил

Филмот што освои „Златна мечка“ во Берлин е прикажан и во Битола

29th септември 2017|

Унгарскиот филм „За тело и душа“ од главната компетиција, синоќа ги воодушеви битолчани кои разговараа за филмот долго по проекцијата. Филмот е добитник на „Златна мечка“ во Берлин, а ќе учествува и во изборот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје на доделувањето на Оскарите во 2018 година. Кинематограферот Мате Хербаи, на денешната прес-конференција, говореше за креативниот процес. -Илдико

Данил Фомичев објасни „Како Виктор Лукчето го однесе Алексеј коњот во центарот за инвалиди“

29th септември 2017|

Данил Фомичев, човекот зад камерата на рускиот филм „Како Виктор Лукчето го однесе Алексеј коњот во центарот за инвалиди“, говореше за работата со режисерот Александер Хант, како и за тоа кои филмски сценарија потешко проаѓаат кај руските продуцентски куќи. -Со Алексеј се знаеме уште од студентските денови, кога работевме филмски вежби. Подоцна снимавме музички спотови и еве конечно го

Европската кинематограферска ѕвезда Ањес Годар беше претставена на фестивалот „Браќа Манаки“

29th септември 2017|

Една од ѕвездите на 38. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ е француската кинематограферка Ањес Годар, која во 2013 година ја доби Златната камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. Токму тоа гостување во Битола, по кое направила обиколка на Македонија, ја инспирирало да работи на филм кој ќе се снима во нашата држава. Па така, соработката со режисерката

Мастерклас на продукцискиот дизајнер Марија Ѓурковиќ

29th септември 2017|

Во соработка со „Првите филмови на прво место“ (First Film First) на 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ мастерклас одржа и светски познатата сценографка Марија Ѓурковиќ, која досега работела како продукциски дизајнер на триесетина филмски остварувања, меѓу кои и култните филмови „Били Елиот“, „Часови“, „Мама миа“, а има многу филмски номинации и награди на британските и на светските фестивали.

Разновиден режисерски печат и игра со филмските форми донесе програмата МАКПОИНТ

29th септември 2017|

Програмата Макпоинт (селекција од минатогодишните домашни краткометражни остварувања), на годинашното издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ ја сочинуваа 13 филмови, меѓу кои и 3 документарни и 2 експериментални филма. Што се однесува до интересот и посетеноста таа беше двојно поголема од минатата година. Присутните автори (режисери, кинематографери, продуценти, актери) говореа за процесот на работа, ги коментираа нивните

Студентите разговараа со Микеле Ди Ангелис

28th септември 2017|

На вчерашната Студентска програма пак, во Магазата во Битола, студентите по филм имаа можност да разговараат со Микеле Ди Ангелис, режисерот на „Студија на случај: Човекот зад камерата“. Микеле одржа доста интересно предавање за филмот сфатен повеќе од филозофски аспект и релациите помеѓу филмот и реалноста.

Интервју со Борислав Анѓелиќ, филмски критичар: „Браќа Манаки“ е значаен фестивал за регионот

28th септември 2017|

Борислав Анѓелиќ е еден од највлијателните филмски критичари во регионот и пошироко. Тој е долгогодишен филмски критичар во тиражниот белградски дневник „Вечерње новости“, редовно известува од најзначајните светски филмски фестивали, член е на FIPRESCI и раководел со неколку интернационални проекти на оваа асоцијација. Со големо задоволство го посетува и фестивалот „Браќа Манаки“... Може ли накратко да се објаснат приликите

Go to Top