Интернационалниот фестивал на краток и анимиран филм „Мекал Про“ – 2021 во Барселона, Шпанија и „Шорт Вејвс“ Фестивалот во Познањ, Полска се едни од партнерските фестивали на нашиот ИФФК „Браќа Манаки“. Неодамна, од овие два фестивали беа отворени повици за филмови во нивната селекција.

„Мекал Про“ од Барселона го објави повикот за поднесување на кратки и анимирани филмови за своето 23 издание. Крајниот рок е 15 декември 2020 год. За повеќе информации околу истиот повик, посетете ја официјалната веб страна на фестивалот на следниот линк.

„Шорт Вејвс“ Фестивалот од Познањ, Полска, во 2021 година ќе го има неговото 13 издание, под мотото „Огледалце, огледалце“ (“Mirror, Mirror”). Повикот за поднесување на кратки филмови за фестивалската програма е отворен до 14 март 2021 год. Повеќе информации околу повикот за овој фестивал може да најдете на официјалната страна на фестивалот на следниот линк.

Партнерствата со вакви фестивали во подем се од големо значење за ИФФК „Браќа Манаки“ затоа што се проширува и продлабочува меѓусебната соработка помеѓу филмските фестивали и уште подобро се успева во мисијата да се слави работата на филмските професионалци и филмот како седмата уметност.