19 септември, Битола – Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на вечерашниот настан говореше за тоа дека фестивалот „Браќа Манаки“ го одржува пулсот на градот Битола. „Во градот во којшто катадневно се случуваат низа настани, кој постојано живее со културните настани, градот којшто ја чува уметноста од античко време, од Хераклеа до секоја фасада во нашиот град. Токму во овој град може да се спакуваат низа животни ситуации и да претставуваат мотив за следни кинематографски изданија. Сето ова е длабок мотив да го сочувате фестивалот, дури и во вакви околности во кои се наоѓаме, како што е пандемијата. Сето ова е мотив повеќе и ние да оставиме нешто за следните генерации“, рече Петровска и им честита на годинашните добитници на наградите, како што рече, „со многу повеќе верба во следното“.