19 септември, Битола – Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс рече дека е достојно за почит тоа што се одржува наследството на браќата Манаки и овој фестивал.

„Г-дине Камински, со вашата неприкосновена исклучителност направивте едни од највпечатливите и најважни филмови во последниот четврт век да бидат доживеани на филмското платно. Г-дине Попов, со вашата исклучителна работа придонесувате не само за афирмацијата на националната кинематографија, туку придонесувате и кон светското филмско богатство. Во последните неколку месеци, додека ја живеевме новата реалност на карантини и полициски часови, всушност филмската уметност во сите свои различни форми и која ја гледаме на различни начини беше она што успеа да не’ одржи во некаков вид на нормалност, успеа да ни ги одвлече мислите, да не’ занимава и да ни даде надеж. А всушност, луѓето на кои им е посветен овој фестивал – кинематограферите, се срцето на оваа уметничка форма. Тие се оние луѓе што стојат зад камерата и кои што ги оживуваат приказните, преку кои што понатаму ние можеме да се поврземе“, рече амбасадорката Брнс.