21 септември, Битола – Од програмата за „Кратки филмови“ Тим Кун, кинематографер на филмот „Јупитер“ и Алберто Маркиори, кинематографер на филмот „Одложен лет“ разговараа со селекторката Марија Апчевска.

Тим Кун раскажа дека снимале на Алпите со камера „Алекса“ и затоа има колорит во филмот. Приказната што ја раскажува филмот е за членови на култ кои ќе извршат самоубиство. Тинејџерката која патува со своето семејство до една оддалечена колиба во Алпите, подоцна треба да одлучи дали ќе го следи сопствениот пат или патот на своите родители.

Филмот „Одложен лет“, пак, е дело на кинематограферот Алберто Маркиори и тој денеска ја разреши дилемата за отворениот крај на филмот. Всушност, гледачот крајот на филмот го гледа преку перспективата на таткото.

-Филмот има за цел да ги натера луѓето да размислуваат за одговорноста која ја имаат како родители. Кога режисерот Али Асгари ми го даде сценариото веднаш ми се допадна и снимив две сцени. Таткото со две деца ќе задоцни на својот лет и додека го чекаат следниот се случува пресврт кој ќе ја смени неговата гледна точка околу тоа што значи да се биде татко, раскажа Маркиори.