21 септември, Битола – Константин Есаѕе, кинематографер на филмот „Деде“ во разговор со Слаѓан Пенев, во рамки на програмата „Грузија – земја во фокус“ разговараше за предизвиците при снимањето.

Филмот раскажува приказна за една жена и три мажи. Дина може да ги предизвика строгите традиции на длабокиот Кавказ, но дали ќе издржи нејзиниот дух?

-Ова е одличен фестивал за кинематографери, но каде е мојата награда?, се пошегува на почетокот Константин. Мојот германски колега, кој пред мене беше овде рече дека 1 милион долари е мал буџет, па би сакал да прашам каков буџет е 100.000 евра? Патувавме низ Кавказ, баравме локации за снимање во текот на три сезони: зима, пролет и есен. Поради малиот буџет моравме да набавиме евтина камера, тоа е АGASO. Дали некој слушнал за ваква камера? Мислам дека не. Тоа е многу евтина камера, но филмот го снимивме со неа. Поради временските неприлики, на Кавказ е многу студено и имаше многу снег, сите се разболевме, но успеавме да го завршиме филмот, рече Есаѕе.