21 септември, Битола – Фестивалот „Браќа Манаки“ се придружи на кампањата „Гласно против гласини“ на ОБСЕ, најави директорката на фестивалот Гена Теодосиевска пред проекцијата на филмот „Женско задоволство“ од документарната програма. Гласините се верувања што не се базираат на факти, туку на тоа што многу луѓе веруваат во нив. Преку нив се пренесуваат и зацврстуваат штетните стереотипи и предрасуди против жените. Фестивалот „Браќа Манаки“ секогаш праќа силна порака за родова еднаквост, и чест ни е што со годините бројот на жени-авторки застапени на фестивалот, и режисерки и кинематограферки, е во постојан пораст.