20 септември, Битола – Во дополнителната програма во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ тркалезна маса одржа ПИНА на тема: „Жените новинари и предизвиците во ризични ситуации“.

-Оваа година по трет пат ќе одржиме фестивал, посветен на истражувачкото новинарство, истакна Кристина Озимец, која беше модератор на настанот.

Од жените новинарки кои во својата работа се соочиле со високо ризични ситуации присуствуваа Милка Смилевска, Душица Мрѓа и Елеонора Мемети. Секоја од нив се осврна на своето искуство. Смилевска говореше за искуствата од известувањето за бегалската криза на грчко-македонската граница, а Мрѓа за искуствата од случувањата на 27 април во републичкото собрание.