На последната проекција од петдневната програма на Јуниор-програмата на 40. ИФФК „Браќа Манаки“ беше прикажан данскиот филм за деца „Земја на стаклото“, а филмот го гледаа децата од основните училишта „Ѓорги Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, како и средношколците од средното економско училиште „Јане Сандански“.

И овој ден по проекцијата, а во соработка со Битолска Млекара и игротеката „Чудесна земја“, беше организирана детската работилница „Нацртај го својот омилен цртан јунак“, каде децата можеа да ги изразат своите креативни идеи за омилените цртани и филмски јунаци.

Во изминатите пет дена во кино-салата при Центарот за култура во Битола на проекциите на Јуниор-програмата присуствуваа околу 3.500 ученици од повеќе основни училишта.