Вториот лауреaт на 40-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, Јоргос Арванитис, пристигна во Битола.

Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет, е добитник на „Златна камера 300“ за животно дело.

По пристигнувањето, Арванитис уште еднаш се заблагодари за топлиот пречек и за честа да биде лауреат на оваа престижна награда. Во рамки на фестивалската програма, на 19 септември Арванитис ќе одржи мастер класа која ќе биде отворена за публика.

Златната камера 300 свечено ќе му биде доделена на затварањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во сабота, на 21 септември.