На четвртиот ден од Јуниор-програмата на ИФФК „Браќа Манаки“ најмладата публика имаше можност да го погледне филмот „Витело“ на режисерката Дорте Бенгтсон, а проекцијата ја следеа децата од основните училишта „Гоце Делчев“, „Елпида Караманди“, „Даме Груев“, „Св. Климет Охридски“ и децата од основното учичиште „Дебрца“, село Белчиште, Општина Дебрца, охридско.

И овој ден по проекцијата, а во соработка со Битолска Млекара и игротеката „Чудесна земја“, беше организирана детската работилница „Нацртај го својот омилен цртан јунак“, каде децата можеа да ги изразат своите креативни идеи за омилените филмски и телевизиски јунаци.