18 септември, Битола – Од селекцијата на кратките филмови, беше прикажан македонскиот филм „Вера“, а актерката која ја толкува главната улога и авторот на музиката во филмот споделија искуства од снимањето. Музиката во филмот е етно-музика од светот изведена на саксофон, инспирирана од јапонската музика и заедно со актерскиот и режисерскиот дел е доста суптилна.

-Постои црно и бело, а крајот на филмот е отворено прашање и тоа уште на почетокот на снимањето, на некој начин, треба да се затвори. Тоа помеѓу црното и белото е добро да постои зошто ќе ја донесе одлуката. Според мене добро е што оставивме отворен крај за гледачот да не е до крај сигурен што се случило, рече Симона Димковска, актерка од филмот.