Александар Трајковски ја промовираше својата книга „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“, која е прва пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Трајковски имаше и средба со студентите од повеќе различни академии кои се присутни на 40. ИФФК „Браќа Манаки“. Трајковски предава на Факултетот за применета музика при Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје.