18 септември, Битола – Рон Јохансон, кинематографер од Австралија, допатува во Битола за да присуствува на состанокот на бордот на ИМАГО, кој се одржува во рамките на Фестивалот, а денеска извои време да разговара и со новинарите.

-Прекрасно е да се биде овде во Битола. Фестивалот „Браќа Манаки“ многу го ценам, Австралија е дел од ИМАГО и затоа сум тука. Фестивалот „Браќа Манаки“ е многу популарен во Австралија, бидејќи тој станува како еден семеен настан. Во Австралија е многу ценето да се дојде овде и мислам дека во иднина ќе има уште повеќе учесници и гости на Фестивалот од Австралија, рече Јохансон.