Во популарната битолска „Магаза“ синоќа се одржа презентација на кратки филмови од филмскиот фестивал „Мекал“ од Барселона. Претходниот ден публиката таму можеше да ја види и селекцијата на кратки филмови од фестивалот во Познањ, Полска. Со овие два фестивала „Браќа Манаки“ од оваа година започна соработка и веќе имаше своја презентација во Полска.

Фестивалот „Кратки бранови“ е меѓународен филмски фестивал на кратки филмови што се одржува секоја година во март, во Познан, Полска. Следното 12. издание ќе се одржи од 17 до 22 март 2020 година.

Филмскиот фестивал „Мекал“ од Барселона во 2020 година го прославува својот 22 роденден. Фестивалот стана референтна точка во Шпанија и во странство поради својот широк меѓународен опсег и висококвалитетна селекција. Се одржува секоја пролет во времетраење од три недели, прикажувајќи околу 400 кратки филмови од повеќе од 40 земји во четири програми и повеќе од 20 паралелни селекции.