18 септември, Битола – Со Ана Чконија, претставничка на Филмскиот фонд на Грузија, која годинава е земја во фокус на ИФФК „Браќа Манаки“, разговараше Јиспер Андерсон од Филмскиот инсистут на Данска.

-Многу сум среќна што Грузија е избрана да биде земја во фокус на Фестивалот. Селекцијата е одлична, тоа се модерни филмови од последните десет години. Државата инвестира и ги поддржува младите професионалци. Кај нас визуелниот израз повеќе ги обзема гледачите, не се толку силни сценаријата, рече Чконија, која ги претстави начините на кои работи грузиската кинематографија.