На јубилејното 40-годишно издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“, шест дијаманти заблескаа во рацете на шестмина лауреати, кои веќе традиционално ги доделува „Божиновски часовници и накит“ во соработка со фестивалот, за особен придонес во кинематографијата.

Во духот на мотото на компанијата „Победи го времето, живеј го моментот“ компанијата ги слави сите оние кои што создаваат трајни вредности, оние кои својот живот го посветуваат во креирање на моменти, со цел, магијата од платното да се пренесе во секојдневието. Целта на оваа награда е да се поддржи светската кинематографија и преку ваквото признание да се уважат и мотивираат создавачите на филм да создадат уште бројни дела што ќе останат запишани во историјата.

Овогодинешни добитници на награда дијамант се американскиот кинематографер и режисер Едвард Лакман, грчкиот кинематографер Јоргос Арванитис, ирскиот режисер, сценарист и продуцент, Џим Шеридан, германскиот режисер и продуцент Фатих Акин, шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаине, како и македонскиот композитор Љупчо Константинов.

„И вечноста може да се обликува. Дијамантите на Божиновски ја означуваат посебноста, убавината и безвременскиот облик на сјајот, не само на скапоцениот камен, туку и на оние кои оставаат свој печат за идните генерации. Ни претставува особена чест, што веќе традиционално ја доделуваме оваа награда на лауреатите на фестивалот, давајќи им мал симбол од вечноста, во име на Битола и на сите оние кои што изминативе 40 години направија барем неколку дена од годината нашиот град да биде дел од филмскиот свет.

Овој јубилеј нека биде почеток на испишување на едно ново поглавје за Битола, која заслужува повторно да заблеска во својот полн сјај, онака како што доликува, онака како што блескаат овие прекрасни луѓе пред нас и дијамантите кои се одраз на нивната бесмртност. Ова го кажувам во име на нашата компанија и во име на сите битолчани, кои отсекогаш знаеле да ја почитуваат убавината и провокацијата на филмската уметност“, изјави Ангела Христовска од маркетинг тимот на „Божиновски часовници и накит“.

Од „Божиновски часовници и накит“ велат дека нивниот главен стремеж како компанија била, е и ќе остане поддршката на културата како главен мотив за воздигнување на човековиот дух и неговото секојдневие и повторија дека дијамантите се само обична симболика која треба да го одбележи овој процес.