17 септември, Битола – Претставник на фимот „Додека паѓам“ беше кинематограферот Ивар Таим, кој истакна дека „иако досега сме виделе многу филмови кои говорат за зависност од дрога“ овој филм, за него, бил посебен.

-Статистички кога зборуваме за зависници мислиме на корисниците на дрога кои лежат во темни места. И тоа се 5 проценти, но 95 проценти се луѓе кои функционираат и одат на работа. А во Норвешка има најмногу случаи на предозираност од хероин во Европа. Тоа е лична приказна на режисерот, кој поминал период на зависност и сакаше да ја сподели и да покаже дека може да се помогне додека не сте преминале на инјектирање хероин, рече Таим.