17 септември, Битола – Селекторката Марија Апчевска ја претстави кинематограферката Констанца Сандовал, која пристигна на фестивалот од Аргентина, а која работела на краткиот филм „Чудовишен господ“.

-Ова е трета соработка со Августина, режисерката на филмот „Чудовишен господ“. Филмот се доближува до интимни теми, како загуба, помагање… Тој е истражување на значењето на Бог, но снимен на посебен начин. Покажавме чудна атмосфера на фимот и уживавме во тоа, истражувавме во аглите на снимање, длабочината итн., рече Сандовал.