16 септември, Битола – Со кинематограферката на филмот „Момчето со карирана кошула“, Катерина Вал, разговараше селекторот Даријан Пејовски.

-Имавме блиска соработка со режисерката. Работата беше чувствителна бидејќи работевме со деца во повеќе училишта. Го имавме сценариото и се обидовме да го најдеме јадрото и да ги прикажеме чувствата на децата на јазик кој ќе го објасни тоа надвор од стварноста, но ќе ја долови есенцијата на емоцијата, рече Вал.