16 септември, Битола – Кинематограферот на филмот „Ним им е добро“, Силван Хилман од Швајцарија на средбата со новинарите рече дека се приклучил половина година пред да почне снимањето.

-Режисерот сакаше да направи филм за Цирих, градот во кој и двајцата живееме и на некој начин ова е портрет на градот. Идејата за статични кадри беше заедничка, имавме мал буџет, но најдовме перспектива која нема да биде воајеристичка, туку опсервирачка, рече Хилман.