16 септември, Битола – Слаѓан Пенев, селекторот на програмата „Европски перспективи“ ги претстави авторите од Филмскиот центар од Црна Гора, Иван Мариновиќ и Сехад Цекиќ. Оваа година има 5 филма од Црна Гора на фестивалот. Тоа е земја во фокус.

– Нашиот Центар за филм поддржува филмска продукција, членови сме на Медиа деск и Еуроимаж. Има големи промени во последниве години, постигнавме многу. Имаме поголем буџет, што е многу важно за Центарот, преговараме и да го зголемиме буџетот, започнавме со копродукција итн, рече Чекиќ.

Иван Мариновиќ е режисер на филмот „Игла под прагот“ и рече дека филмот е одлично примен и покрај предизвикот дека црниот хумор кој преовладува во филмот нема да биде целосно сфатен во странство, бидејќи е специфичен за овие простори.