Пред да стигнат на црвениот килим гостите и публиката поминаа низ специјално изградена конструкција во која се одвиваше перформансот во чест на јубилејот на еден од најголемите филмски фестивали посветен на работата на кинематограферите во Европа. Беше тоа своевидно синематично доживување во кое и публиката беше вклучена како актер, како еден фрејм од „филмот“. Доживување во кое реалноста се претопува во уметност и обратно. Во перформансот учествуваа кореографката Искра Шукарова, режисерот Јохан Мелин од Шведска, а го режираше Срѓан Јаниќијевиќ.