15 септември, Битола – Разговор пред публиката денеска одржа и светски познатиот режисер, сценарист и продуцент, Џим Шеридан, чии филмови се ремек-делата „Моето лево стопало“ и „Во името на таткото“ .

На почетокот на разговорот кој го водеше Благоја Куновски Доре, Шеридан, кој на фестивалот „Браќа Манаки“ пристигна во својство на претставник на Европската Филмска Академија (ЕФА), истакна дека е изненаден од сериозноста на начинот на кој е организиран фестивалот, отворањето исто така не беше шега. Мислам дека фестивал посветен на работата на кинематограферите е многу поинтелектуален од другите филмски фестивали.

-Ја разгледував програмата и забележав дека многу голем дел од филмовите кои овде се селектирани да се прикажат се одлични.

На прашањето како влијае брегзит врз Ирска, тој одговори со ангедота:

-Ирска е како кинематографер на Британија, не „постои“, ама тука е. Ние им бевме закана на Британците на некој начин. Во минатото на границата со Ирска се граделе кули, а доколку не е некој закана за тебе, тогаш нема да градиш такви кули. Британците сметаа дека Европјаните ќе ја искористат Ирска за да ја нападнат Британија. Така другите гледаа на оваа мала католичка земја, која беше назадна и старомодна. И тоа е нашата историја, рече тој говорејќи за политичката историја на неговата земја.

Тој говореше и за неговиот филм „Во име на таткото“, кој е за тоа како политиката и црквата ги разделуваат семејствата.