На последниот ден од проекциите во рамките на јуниор-програмата беше прикажан јапонскиот анимиран филм МИРАИ во режија на Мамору Хосода. Како публика во салата дојдоа ученици од основните училишта „Климент Охридски“, „Трифун Пановски“, „Коле Канински“, „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ од Битола, како и ученици од ОУ „Славко Лумбарко“ од с. Гермијан, Општина Новаци. На крајот на проекцијата сите деца добија подарок по еден Јогурт Баланс+ од спонзорот Бимилк.

Со реализацијата на детската програма фестивалот „Браќа Манаки“ ја поттикнува љубовта кон филмската уметност и активно придонесува во процесот на создавање нова публика која, се надеваме, во иднина редовно ќе ги проследува фестивалските содржини.