26 септември, Битола – Денеска заврши балканската конференција на ИМАГО, Федерација на кинематограферите од светот со 53 национални здруженија и над 4.300 кинематографери како членови. Освен кинематограферите од регионот, македонските претставници Дејан Димески, Наум Доксевски и Душан Кардалевски, на конференцијата присуствуваа првите луѓе на ИМАГО, претседателот Паул Рене Роштад и Најџел Волтерс.