На вториот ден од јуниор-програмата на ИФФК „Браќа Манаки“ децата имаа можност да го проследат норвешкиот игран филм ЛОС БАНДО во режија на Кристијан Ло. На проекцијата дојдоа деца-ученици од основните училишта „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“, „Даме Груев“, како и децата од Заводот за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ – Битола. Денес имавме и посета од основното училиште „Дебрца“ од с. Белчишта, општина Дебрца. Учениците сами изразија желба да бидат дел од овој фестивал. Спонзорот „Бимилк“ по проекцијата на филмот ги изненади децата со јогурт „Баланс+“.