Во рамките на студентската програма на 39. ИФФК „Браќа Манаки“ на 26 септември се одржа проекција на документарниот филм „Девојчињата од шумата Банија“ и средба со авторката Николина Бариќ. Филмот зборува за две мали девојчиња кои авторката Бариќ случајно ги сретнува во едно напуштено хрватско село. Филмот е снимен во 2013 година и оттаму почна разговорот на Бариќ со студентите присутни на фестивалот „Браќа Манаки“.

-Ми беа потребни една година да го направам филмот и уште 4 години за да го промовирам на филмските фестивали – рече Николина Бариќ.

Таа објасни дека инспирацијата за документарецот „Девојчињата од шумата Банија“ ја добила од шумата и од двете девојчиња кои се главни протагонисти во приказната. Исто така, рече дека нејзините филмови се „no budget“, односно самата го финансира снимањето и продукцијата, иако имала обиди да добие и средства од филмските фондови. Веќе почнала да го снима и својот нов филм, во кој главен протагонист е нејзината мајка, на тема која зборува за отселувањето на медицинскиот кадар од Хрватска во потрага по повисока плата.