25 септември, Битола – За филмот „Зимски муви“, кој синоќа се прикажа во компетиција за „Златна камера 300“, говореше кинематограферот, Лукаш Милота. Филмот и кинематограферот ги претстави Благоја Куновски-Доре, селектор на главната програма на Фестивалот.

-Децата не се професионални актери. Доста долг процес беше работењето со нив, пробите траеја повеќе од шест месеци, но потоа го добивме ефектот на тинејџери авантуристи кои во филмот тргнуваат по смрзнатиот пејзаж на југ во потрага по авантура, рече Милота. Тој е втор пат на фестивалот „Браќа Манаки“.

Милота кажа дека користел камера „Алекса мини“, бидејќи била компактна и лесна за ракување, особено за овој филм.