Со проекцијата на германскиот играни филм „Мати и Сами“ на режисерот Стефан Вестервеле почна детската програма на 39. ИФФК „Браќа Манаки“. На проекцијата дојдоа ученици од основните училишта „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Коле Канински“ и „Стив Наумов“. И оваа година спонзор на јуниор програмата се Бимилк, кои по завршувањето на проекцијата младите филмофили ги почестија со јогуртот Баланс.