24 септември, Битола – Режисерот на филмот „Глуво дете“, Алекс де Ронде во разговор со Марија Џиџева, селектор на документарната програма, говореше за мотивите за снимање на фимот и справувањето со проблемите на глувите лица.

-Главната мотивација да го направам филмот „Глуво дете“ беше тоа што повеќето други филмови за глуви деца многу повеќе се осврнуваат на хендикепот што мора да биде поправен од докторите или учителите, но мојата главна цел беше да го прикажам глувото дете како дел од едно културно малцинство, со сопствен јазик и сопствена култура. Едноставно сакав да порачам дека сум загрижен за иднината на глувите деца. Секаде во светот училиштата за глуви деца се затвораат, тие треба да одат во редовни училишта и таму не им е лесно, рече Алекс де Ронде.