22 септември, Битола – Од името на градот домаќин, Битола и од битолчани, градоначалничката Наташа Петровска, им посака добредојде на присутните во Битола.

-Фестивалот е значаен за битолчани, но и значаен за целиот свет затоа што потврдува како може да му се пркоси на времето и потврдува дека и четвртата димензија има релативитет. Добрата фотографија може така умешно да го улови мигот да ја скрши минливоста, да се разлее во вечноста, како ништо друго поинаку. Оттаму мојот длабок поклон до сите кинематографи, но и до сите наши добитници кои што потврдуваат дека ваквите вредности се вредности кои треба не само да им се поклониме туку да ги пратиме во вечноста. Уживајте во седумте фестивалски вечери, бидејќи животот е премногу краток, порача Петровска.