21 септември, Битола – Британскиот кинематографер Роџер Дикинс, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, дојде во Македонија, заедно со својата сопруга Изабела.

Тој веќе пристигна во Битола, каде го пречека директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со фестивалскиот тим. Дикинс со сопругата се исто така добро расположени и се согласија да се сликаат со младите волонтери на фестивалот.

Роџер Дикинс е еден од најголемите живи светски кинематографери и нему утревечер ќе му биде врачена наградата, а во понеделник (24 септември) тој ќе одржи мастер класа во рамки на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.