Да се биде во кожата на другиот, да ја ставиме на испит нашата чувствителност, обѕирност, нашето лудо љубопитство, нашите луди емоции, тоа ми го носи документарниот филм. Многу често од проекциите излегувам со измешани чувства на тага, револт, на инспирира на иницијатива, какода не сум иста од пред тоа, од онаа од пред филмот, пред да им се придружам на сите оние од филмското платно и на сите оние околу мене, на чии ликови ја „вчитувам“ решителноста да се сменат неправдите, да се нахранат гладните, да се почитуваат другите, бидејќи без сите нив, ние сме бескорисна прав, а сонив – благородна патина. Не и не сум иста, навистина. Затоа и годинава н аова 38. издание на „Браќа Манаки“ ни беше потребн анајубавата насмевка на мајсторот на светлината, Роби Милер, кој замина со светлината во филмот на неговата пријателка и колешка, филмската авторка Клер Пијман, затоа ни беа потребни филмовите на смелиот Алекс де Ронде, кој преку овој медиум ја покажа својата неизмерна љубов кон својот глув син, прекрасниот Тобијас, патувањата на папата Францискo овековечени од големиот Вим Вендерс, љубовните приказни на пензионерите од Истанбул преку едноставната камерана Шеваун Мизрахи, мистериите на науката и новото чудо на ЦЕРН во филмот на Валерио Јалонго, битката со околината и суровоста на заборавот на златното дете на борачкиот спорт во Македонија, Шабан Трстена, доловенивот филм на Игор Иванов, или пак како може да сео стане рамнодушен кон филмот на Британецот Кен Грифитс, кој ја раскажува сторијата за крајот на еден фамилијарен бизнис во Пекам на браќата Гандолфи, посветени на изработка и поправање на фотоапарати и филмски камери, филм кој нè поврзува со камерата како магична кутија од која видливото се претвора во чудо. Филмските автори Матиас Креп и Ангелика Спангел, пак, создаваат извонредна интимна драма на бегалците од Сирија кои живеат во Австрија, кои преку новиот медиумски формат на онлајн видео снимки и користење на социјалните мрежи ги следат злосторствата што се случуваат во нивната земја во рамки на реално време (real time). Колку можете да останете рамнодушни пред овие судбини, пред овие стории, зарем навистина можете?

 

Гена Теодосиевска, Селектор на документарната програма