ЛАУРЕАТ НА НАГРАДАТА „ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ ЗА ЖИВОТЕН ОПУС НА 39 ИФФК БРАЌА МАНАКИ Е  АНГЛИЧАНЕЦОТ РОЏЕР ДИКИНС/ROGER DEAKINS,BSC/ASC

Роџер ДИКИНС е роден на 24 Мај, 1949, во градчето Торквеј, Девон, Англија/Обединето Кралство/Torquay, Devon, England/United Kingdom. Кога ги започнал студиите на Бет Академијата за уметност/Bath Academy of Art, имал идеја да биде сликар, но под влијание на англискиот фотограф Роџер Мејн/Roger Mayne, кој имал своја класа, се посветува на фотографијата, која останува негова трајна љубов, a потоа на НФШ/Националната Филмска Школа-NFS/National Film School (од 1972-75), дефинитивно се определува за филмот како негова идна професија. Во тој прв, постстудиски ран период, ги гледа и филмовите: ЛАДНОКРВНО/IN COLD BLOOD (1967) и  ДЕБЕЛ ГРАД/FAT CITY (1972), на кинематограферот од пoстарата генерација, трикратниот оскаровец, Конрад Хол/Conrad Hall (1926-2003) за кој вели дека извршил сериозно влијание да му се посвети на филмот. Тогаш, Дикинс исто така ја покажува и својата базична љубов кон документарниот филм, снимајки ги: ЛОВ НА ФАРМЕР/FARMER’S HUNT (1974, кој и го режира во рамките на студиите на НФШ/Националната Филмска Школа), потоа ЗИМБАБВЕ/ZIMBABWE (1977, исто го режира, првично замислен како туристички, а завршува како документарец за тогашната граѓанска војна) и AROUND THE WORLD WITH RIDGEWAY/ПАТ НИЗ СВЕТОТ СО РИЏВЕЈ (1979, трка со јахти, што тој цела година ја снимал, живеејќи на јахта). Така младиот Дикинс задоен со тие љубови од студиите и го оформува својот креативен и уметнички карактер: „Отсекогаш сум сакал да фотографирам луѓе или да снимам документарци за нив“, „…сакам филмови за силни ликови. Сакам да го снимам човечкото лице. Тоа е поинтересно од било што друго, и тоа е она што ќе продоложам да работам”. Тој, доследно на своите определби, постојано ги советува младите кинематографери, најнапред да снимаат документарни, а потоа играни филмови. Кога сме кај документарниот жанр, Дикинс, со што сум апсолутно согласен, го смета Фредерик Вајсман/Frederic Wiseman, за најголем современ великан автор документарист, избирајќи го како негов антологиски филм БОЛНИЦА/HOSPITAL (1970), а јас би го додал и последниот филм на Вајсман, ЊУЈОРКШКАТА БИБЛИОТЕКА/EX LIBRIS: THE NEW YORK PUBLIC LIBRARY (2017).

Во раната, англиска фаза, Дикинс исто така снимал ТВ филмови, повеќето за Chanel 4, како и music videos.

Пред да се задржам на неговите најзначајни филмови во богатиот креативен опус, ќе ги штиклирам неговите професионални карактеристики што го определуваат неговиот стил и израз. Тоа во прев ред е ретката посветеност во двојството, самиот како главен камерман- снимател/”camera operator“, во ист филм во кој е и генералниот кинематографер, што е комплетност која ги краси филмските великани како него. Тој е професионално врзан за една екипа на постојани соработници со кои најдобро се разбира и кои ги исполнуваат неговите естетски критериуми, таков е примерот со верниот му gaffer/lighting technician, Бил О Лири/Bill O’Leary, со кого работи уште од нивниот прв заеднички филм, антологискиот СИД И НЕНСИ/SID AND NANCY (1986). И покрај сега веќе оскаровската репутација, меѓу своите колеги е познат како кинематографер кој никогаш не снимил филм со анаморфни леќи/anamorphic lenses, приврзеник е на дигиталната снимателско-кинематограферска технологија, преферира да работи со сферични објективи/Spherical Lenses за визуелниот изглед на неговите филмови, креирајќи ја најчесто својата сликовност во-камерата, без користење на филтри за светлината, со дигитална интермедијација/imagery in-camera with Digital Intermediate (DI), со што го менува осветлувањето/lighting, сатурацијата/saturation и контрастите/contrasts, без да зависи од пост-технолошки ефекти.   За сите овие професионални технолошко-изразни како и креативни процеси, секако ќе биде интересно директно од Дикинс да се слушне на неговиот мастерклас како Лауреат на златната Камера 300, во Битола на фестивалот Браќа Манаки. Инаку, за големината на уметникот Роџер Дикинс и неговата отвореност кон сите негови приврзаници и симпатизери, но и кон сите филмофили на кои е секогаш подготвен да им одговори на поставено прашање или да им појасни некој феномен, говори постоењето на неговиот веб-сајт/website, за чие отворање решиле заедно со неговата сопруга и тоа по повод прикажувањето на неговиот омилен филм од светската антологија, францускиот, АРМИЈА ВО СЕНКИ/ARMY OF SHADOWS (1969, на режисерот Жан Пјер Мелвил/Jean Pierre Melville, а кинематографер е нашиот лански Лауреат, Пјер Лом/Pierre Lhomme), по што му се јавувале стотици студенти кои го прашувале за совети.

Дикинс има два периода во својата кариера како кинематографер, првиот, британскиот, од средината на 1970-те кога снима филмови во англиската кинематографија, потенцирајќи дека да не било школувањето на НФШ/Националната Филмска Школа, како пресвртен момент, веројатно не би станал филмаџија, (тогаш најмногу соработува со режисерот со кого се запознава на филмските студии, Мајкл Редфорд: ANOTHER TIME ANOTHER PLACE/ДРУГО ВРЕМЕ, ДРУГО МЕСТО (1983, првиот филм со кој излегува на интернационална сцена, со прикажувањето на филмот во Кан), потоа “1984” (екранизацијата на истоимениот с.ф. роман на Орвел во истата 1984-та год.) и WHITE MISCHIEF/БЕЛИ НЕВОЛЈИ (1987), за пред тоа во 1986, со режисерот Алекс Кокс/Alex Cox и со Гери Олдмен/Gary Oldman, во насловната улога на Сид Вишиус/Sid Vicious, фронтменот на панк групата Sex Pistols, да го сними култниот филм, спомнатиот, СИД И НЕНСИ/SID AND NANCY, а  со реж. Мајк Фиџис/Mike Figgis, го снима исто така познатиот филм STORMY MONDAY/БУРЕН ПОНЕДЕЛНИК (1988); -Во англискиот период, по искуството, како професионален тренинг, стекнато во снимањето документарци и видео спотови, уште еднаш ќе повторам, Дикинс го оформува својот стил и израз, истакнувајќи ја за него како клучна работата на кинематограферот Конрад Л.Хол/Conrad L. Hall, за кого вели дека извршил решавачко влијание врз неговиот израз, кој снимал во стилот на италијанскиот неореализам, споредувајќи го и со Годаровиот/Godard’s, кинематографер Раул Кутар/Raoul Coutard (исто така наш Лауреат на Златната Камера 300 за животен опус).

-Вториот период на Роџер Дикинс е американскиот, како позначаен во неговата кариера и од аспект на Оскар Номинациите и конечно освоениот Оскар, кога во 1990, со режисерот Боб Рејфелсон/Bob Rafelson,  го снима својот прв американски филм ПЛАНИНИ НА МЕСЕЧИНАТА/MOUNTAINS OF THE MOON, за потоа во 1991` да го сними првиот филм БАРТОН ФИНК/BARTON FINK ( со ЏОН Туртуро/John Turturo, првиот од актерската плеада што Маестро Дикинс ќе ја слика така ефектно и трајно впечатливо, кој низ насловниот лик на пореметениот и фрустрирачки збунет писател, ангажиран од Холивудската машинерија, ја гради визуелната кафкијанска спирала), на браќата Џоел и Итан КОЕН/Joel&Ethan COEN, со кои ќе изгради најплодна соработка, станувајќи нивен партнер кинематографер, снимајќи ги сите нивни филмови од кои добива и најмногу Оскар Номинации . 13-те Номинации, со кои останува рекордер во светски рамки, 8 се со други познати американски режисери, а со браќата Коен  има најмногу, вкупно 5, го красат неговиот визуелен артизам, суптилност во изразот, супериорната кинестетика и технички перформанси, доминирачки сконцентриран на нагласената персоналност на актерите кои ја носат филмската акција и драма и по кои главно и се паметат тие филмови. Сепак со режисерот Френк Дарабонт/Frank Darabont, во 1995 ја добива првата Оскар Номинација за филмот, БЕГСТВО ОД ШОШЕНК/SHAWSHANK REDEMPTION (плус, кога ја добива и наградата на ASC, одлична затворска драма сликана без здив со двете впечатливи креации на Тим Робинс и Морген Фримен, како затвореници; користена камера: Arriflex 35 BL 4S) ; потоа филмот ФАРГО/FARGO (во режија на браќата Коен, 1997, втора Номинација за Оскар за најдобар кинематографер, со неповторливата Френсис Мек Дорманд за чиј Оскар е заслужен и Дикинс, сликајќи ја со ефектна концентрација во градењето на ликот на трудната, трпелива, полицајка која сосема cool ги решава трагикомичните крвави убиства и пресметки на споулавените криминалци; користена камера: Arriflex 35 BL4); КУНДУН/KUNDUN е на режисерот Мартин Скорсезе/Martin Scorsese (AAN во 1998, визуелно богата евокација на времето на детето-Далај Лама; Arriflex 535 B); продолжува со Коеновци, со: О БРАТЕ, КАДЕ СИ/OH, BROTHER, WHERE ART THOU? (2001, Оскар номинација и наградата на BSC-уште една затворска драмска комедија и бегство на затворениците Џорџ Клуни и Џон Туртуро, акционо како филм потера сликана; користена камера: Arriflex 535B ); ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ БЕШЕ ТАМУ/THE MAN WHO WASN’T THERE (2002, за кој со својот израз во црно-бела фотографија, требаше уште тогаш да го освои првиот Оскар, но затоа ја доби првата од 4-те награди на Британската Филмска Академија/BAFTA, плус наградата на ASC, психо драма за комплотот што го крои пореметената свест на берберот толкуван од Били Боб Торнтон, чии сиви зони на скриен злосторник, Дикинс маестрално ги сенчи во црно бели фотографски нијанси;  Arriflex 535B); НЕМА ЗЕМЈА ЗА СТАРИ ЛУЃЕ/NO COUNTRY FOR OLD MEN (2008, награда на BSC и пред тоа, во 2007, на BAFTA, уште понагласено режирана и снимена лудачка драма на насилство и убиства во криминалниот свет на дрогата и парите, при што со својата актерска специфичност и специјалитетите на егзекуции доловени од камерата на Дикинс, кој има видлив удел и во неговиот Оскар-ќе се памети актерот Хавиер Бардем; Arriflex 535B); УБИСТВОТО НА ЏЕСИ ЏЕЈМС…/ASSASSINATION OF JESSE JAMES… (Оскар Номинација и Награда на BSC за 2007, во режија на Ендрју Доминик/Andrew Dominik), ЧИТАЧОТ/THE READER, на режисерот Стивен Далдри/Stephen Daldry (2008, поделена Оскар Номинација со вториот кинематографер, во тој филм, Крис Менџис/Chris Menges, наш исто така лауреат на Златната Камера 300 за животен опус); ВИСТИНСКИ СОЈ/TRUE GRIT (на браќата Коен, Номинација во 2010, плус  Наградата на BAFTA); па ПАД ОД НЕБО/SKYFALL (2012, на режисерот Сем Мендис/Sam Mendes, Оскар Номинација плус Наградата на ASC, уште една богато и раскошно визуелно сликана нова верзија на Џејмс Бонд-007, со потребниот арсенал од камери: Arri Alexa M, Arri Alexa Plus, Arri Alexa Studio, Red Epic); НЕСКРШЛИВО/UNBROKEN (во режија на Анџелина Џоли/Angelina Jolie, според сценарио на браќата Коен, Оскар Номинација за 2015); првиот, ЗАТВОРЕНИЦИ/PRISONERS (Номинација за 2014) и вториот филм во соработка со Канаѓанецот, режисерот и сценарист, Дени Вилнев/Denis Villeneuve-СИКАРИО/SIKARIO, Номиниран за 2016, што беше во Компетицијата на нашиот 36 фестивал Браќа Манаки во 2015, а за кој со право се очекуваше Роџер Дикинс конечно да го освои одамна заслужениот Оскар).

Во работењето со сите американски режисери Дикинс ја демонстрира својата максимална креативна совршеност, продолжувајќи и надградувајќи ги првичните приоритети од англиската фаза за целовитост на визуелниот израз, сеедно дали е црно-белата или колор фотографија, со соодветната сценографија која го дава духот на филмот, давајќи приоритет во фокусирањето на драматиката на личностите со кои се гради нарацијата, што ќе рече, низ нагласените крупни планови/close ups, на актерите, да се потенцира суштината на делото, при што остануваат трајно меморирани личности во појавата и актерската игра. Тоа особено доаѓа до израз во сите филмови на браќата Коен, за чија драматургија и градењето на сториите се знае како препознатливост, планирана психо-драмска пореметеност, барање бизарност во извртени како во скршено стакло драматични ситуации, напати кафкијански тензични, напати налудничави, при што Дикинс со својата визуелна и колоратурна или црно-бела градација, придонесува за драматиката на возбудувањата, сензациите и нивното доживување. Сепак, евидентно испаѓа дека со Канаѓанецот, Дени Вилнев/Denis Villeneuve, Дикинс го досигнува својот креативен врв, од првиот филм ЗАТВОРЕНИЦИ/PRISONERS и особено со последните два: СИКАРИО/SICARIO и Оскаровецот BLADE RUNNER 2049. Во SICARIO (во кој е вообичаено  и снимател-камерман/camera operator, за кој, по 13-та Номинација, со право го очекувавме првиот Оскар)- темата за пресметката со крволочните припадници од латиноамериканската/мексиканска нарко мафија на американските специјалци од FBI во борбата со неа, предводени од лично тангираниот за одмазда, Бенисио Дел Торо/Benicio Del Toro, чиј краен таргет е ловот до  „бункер гнездото“ и ликвидацијата на мафијашкиот „крал”со  неговото семејство, во стилот на потрагата по споулавениот/побунет генерал Курц, од Кополовата АПОКАЛИПСА СЕГА-Дикинс ја гради низ визуелна ескалација и растечка драматика до експлозија, при што, како една од најбисерните е десетина и повеке минути долгата секвенца која ја прикажува полициската инвазија на латино опасниот терен, сликано со многу камери (ARRI ALEXA MINI и ARRI ALEXA XT), што се доживува како апокалиптичен триумфален марш на полициските трупи, патем пресметките во низа како анекси на мали битки, во големата слика на немилосрдната војна. Визуелното пакување на маестро Дикинс го гради тоа крешчендо кое останува запаметено по својата експлозивност и драматична неизвесност.  Во Оскаровскиот филм BLADE RUNNER 2049, замислен со двојниот ефект, како продолжение на првиот прототип од 1982 или како негов римејк, сеедно, тандемот Вилнев-Дикинс, тргнува од базичниот урнек БЛЕЈД РАНЕР/BLADE RUNNER од 1982, потпишан од режисерот Ридли Скот/Ridley Scott  и кинематограферот Џордан Кроненвет/Jordan Cronenweth (Вилнев искажувајќи ја својата восхитеност од овој филм од својата младост, кон што сигурен сум се придружува со доложниот респект и Дикинс), кои со прототипот оставија трајни антологиски кинестетски траги достојни за респект. Обединети во идејата на сценаристот Хемптон Фенчер/Hampton Fancher, за дистописката визија на иднината, во потрагата на младиот тркач-по-жилет/blade runner-“K”, кого го игра Рајан Гослинг/Ryan Gosling, по стариот, првичниот blade runner-Rick Deckard, кого во обете верзии го игра Херисон Форд/Harrison Ford, за откривање на неговата трага по 30-на години- во BLADE RUNNER 2049, Дикинс и Вилнев создаваат  визуелна симфонија (со импресивна бројка и на соработници во visual effects-каде во credits-ите имате впечаток дека се недобројна армија,  рекордни, скоро 1000), чија дигитална супериорност е остварена со поновите перформанси на сценографско (production designer, Денис Геснер/Dennis Gassner и снимателско (главен камерман снимател-Дерен Даглас/Darren Douglas) генерално надградување, со кое раководи диригентот, Дикинс, кој како приврзеник на новата ера пак го користел трикратниот арсенал од камери: Arri Alexa Mini, Arri Alexa XT, Arri Alexa Plus. Токму на визуелен изразен план Дикинс го креира богатството на новата верзија BLADE RUNNER 2049, која веќе може да се смета за антологиска со трајност во иднината и на која конечно неможеа да и’ одолеат и колегите од АМПАС, кои по 13-те обиди, му го дадоа заслужениот Оскар. Плус, досега филмот има освоено рекордни 35 различни награди на чело со Оскарот за Дикинс.

Роџер Дикинс како голем и заслужен британски уметник, во 2013, е награден со престижната CBE/Commander of the Order of The British Empire.

За големината на уметничката личносат на Роџер Дикинс веќе спомнав неколку примери, во прв ред да покаже респект кон автори и нивни дела кои оставиле траги и влијаеле врз  неговото оформување како уметник, кои воедно говорат и за неговиот алтруизам и искрена отвореност, знаењата и искуствата да ги споделува со сите генерации, од филмофили до професионалци, за што сведочи и неговиот веб-сајт. Ги спомнав примерите за неговиот респект и восхитеност од Жан Пјер Мелвил, Раул Кутар, Вајсман, Конрад Хол, ќе ги придодадам: Куросава, Мизогучи, Висконти и особено Тарковски со неговите две антологиски ремек дела: ИВАНОВОТО ДЕТСТВО/IVAN’S CHILDHOOD и СОЛАРИС/SOLARIS, потпишани од кинематограферот, рускиот великан-Вадим Јусов/Vadim Yusov (уште еден од нашиот Клуб на Великаните, освојувач на Златната Камера 300 за животен опус). За Дикинс како уметник и човек говори и однесувањето при добивањето на Оскарот, изразувајќи задоволство што заедно со него и сонародникот Гери Олдмен доби Оскар за улогата на Черчил во филмот НАЈТЕМНИОТ ЧАС/DARKEST HOUR (потсетувајќи се на нивните почетоци од SID AND NANCY) и особено,  кога тој им се заблагодари на сите свои верни соработници со кои работи со децении и на некој начин својот Оскар им го посвети и ним, зашто, како што кажа, тие го заслужуваат и тоа е голема работа и за нив.

Нашата неколкугодишна упорност да го донесеме во Македонија/Битола, еден од најголемите живи светски кинематографери Роџер ДИКИНС, се оствари на наша најголема радост и тоа во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во сега веке новото антологиско дело од неговата богата ризница-BLADE RUNNER 2049. Значи, Дикинс станува наш нов член во Клубот на великаните, по годинашниот освоен Оскар, при што, ние, на наша голема сатисфакција, упатувајќи му ја поканата за Лауреат на Златната Камера 300, му предвидовме Оскар за BLADE RUNNER 2049, за што, конечно, по 13-те Номинации за Оскар, Дикинс се закити со многу порано заслужениот Оскар.

За големината на нашиот најнов лауреат сведочат и импозантните бројки, до сега,  од 115 најразлични светски филмски награди и 148 Номинации.

Роџер Дикинс е со право во двојството, како британски/BSC и американски/ASC, кинематографер, еднакво респектиран од обете значајни светски асоцијации на кинематографери, кои за неговите филмови неколкукратно му ги даваа нивните годишни награди за најдобар кинематографер.

Конечно, како многу битно, негов најверен и најдоверлив партнер во животот и професијата, која се посвети на неговата кариера со сета своја љубов, е неговата прекрасна сопруга, Џејмс Елис Дикинс/James Ellis Deakins, со која е во брак од 1991 и која и самата е филмски професионалец, најчесто во неговите филмови како script supervisor.

За нас како организатори на фестивалот Браќа Манаки, веруваме и за публиката и сите пријатели, доаѓањето на брачната двојка Дикинс во Битола и Македонија, како наши врвни VIP гости, ќе претставува голема чест, огромна радост и гордост, со што сме на најдобар можен начин во пресрет на уште едно супер успешно издание на најстариот светски фестивал посветен на уметноста на кинематограферите, годинава со најголемата sвезда на 39 Браќа Манаки-Оскаровецот и наш Лауреат на Златната Камера 300 за животен опус – Роџер Дикинс.

Благоја Куновски-Доре

Уметнички директор