Во 78 година од животот си замина Мајсторот на светлината, еден и едниствен, Роби Милер.

Оној без кој светската кинематографија не би имала смисла..

Го запознавме кога ни дојде во Битола со „Braking the waves” на Ларс вон Трир, за да ни биде добитник на Специјалната златна камера 300 за особен придонес во светската филсмска уметност во 2002, и пред две години во 2016 да му ја  врачииме Златната Камера 300 за животно дело во неговиот дом во Амстердам, топло пречеекани од неговата искрена насмевка и грижливата посветеност на сопругата Андреа.

Тој беше и ќе остане нашата светлина.

И како што рекол големиот Пикасо: „уметноста е таа што ќе ја избрише прашината од секојдневието”, така и Роби Милер го стори тоа со својата креација и талент да ги препознае моментот и светлината.

Бевме почестени што беше наш пријател, наш поддржувацч наш лауреат..

Роби , ти благодариме за светлината.

Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Роби Милер е роден на 4 април 1940 година во Curaçao, Холандски Антили. Во 1953 од Индонезија се преселил во Амстердам, Холандија, каде од 1962 до 1964 година студирал на Холандската филмска академија, на одделот за камера и монтажа. По студиите, кратко останува во Холандија, а потоа заминува во Германија, каде што прво работел како асистент со германскиот кинематографер Герхард Ванденберг, а паралелно и како кинематографер и режисер на реклами и кратки филмови.

Во 1969 година го снима филмот “Summer in the City“, првиот долгометражен филм на режисерот Вим Вендерс, со што почнува нивната долга и плодна соработка. Плод на таа соработка се филмовите како THE GOALKEEPER FEAR OF THE PENALTY (1971), ALICE IN THE CITIES (1973),  PARIS, TEXAS (1983) и други.

Понатаму се’ е филмска легенда. Го нарекуваат „Маестро на светлината“ и  инспирација на режисерите како Вендерс, Џармуш, Фридкин…Тој ги снимил дел од најазначајните филмови од опусот на Ларс фон Трир како BREAKING THE WAVES (1995) и DANCER IN THE NIGHT (1999). Во неговиот опус има кинематограферски ремек дела во црно – бела техника.

Поврзаноста на Роби МИЛЕР со фестивалот БРАЌА МАНАКИ, на 37 издание, 2016, ќе ја има својата симболика во одбележувањето на 20 годишниот Јубилеј, кога за првпат, на 17-то издание во 1996, учествуваше во компетицијата со филмот СПРОТИ БРАНОВИТЕ/BREAKING THE WAVES, создавајќи го ова ремек дело во креативен тандем  со режисерот Ларс Фон Триер, за што ја доби заслужената Бронзена Камера 300.

Повторно пак заедно се појавија во 2000 година во компетицијата на 21. фестивал БРАЌА МАНАКИ, со уште еден голем  филм каков што беше ТАНЦУВАЧ ВО МРАКОТ/DANCER IN THE DARK.

Потоа, поврзаноста природно се крена на повисоко ниво, кога во 2002, на 23. издание во Битола, Роби Милер заслужено стана лауреат на  “Специјалната наградата Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност” (кога во негова чест го прикажавме филмот  МОЈОТ БРАТ ТОМ/MY BROTHER TOM, во режија на Англичанецот, Дом Ротеро/Dom Rotheroe), а воедно беше и претседател на интернационалното жири.

Со годинешната “НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗЛАТНА КАМЕРА 300”, фестивалот БРАЌА МАНАКИ на најдобар можен начин ќе го прослави и круниса извонредниот  креативен и уметнички опус на еден од најголемите и најценети светски кинематографери-РОБИ МИЛЕР.

Благоја Куновски – Доре, уметнички директор на ИФФК „Браќа Манаки“