Режисерот и сценарист Игор Иванов – Изи е избран за претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, а филмската критичарка и досегашен уметнички директор, Гена Теодосиевска за нова директорка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Новите директори се избрани на изборното собрание на ДФРМ, а доаѓаат на местата на продуцентот Роберт Насков и на филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре.

На изборното собрание што се одржа на 2 април, 2018 година, реноминираниот македонски режисер Иванов-Изи бил единствен кандидат. Тој ќе го предводи ДФРМ во следните четири години.

На истото собрание со двегодишен мандат за нов директор на ИФФК “Браќа Манаки” со мнозинство гласови е избрана Гена Теодосиевска, долгогодишен новинар и филмски критичар, досегашен уметнички директор на фестивалот и селектор на документарната програма.