Студентската програма на 38-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ја сочинуваа 10 филмски академии од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Косово, Србија, Романија и Грција. Во програмата беа прикажани 25 студентски филмови и за истите потоа имаше и кратка дебата. Исто така, студентите имаа можност да присустуваат на интерактивна дискусија во Галеријата „Магаза“ за филмот „Човекот во камерата“ со режисерот на филмот Микеле де Ангелис. Студентската програма имаше ревијален карактер.