Браќа Манаки - Интернационален фестивал на филмска камера

Студентската програма содржи кратки филмови и отвора интересни дискусии

Во студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ се прикажуваат кратки филмови на студенти од Македонија и регионот, по што следува дискусија, која ја модерира Ѓорѓи Пулевски. На дискусиите се отвораат интересни прашања, помеѓу кои односот помеѓу кинематограферот и младите режисери и нивното меѓусебно влијание во работата, како и свесноста на режисерот и целиот тим за општествената и идеолошка заднина на филмските приказни.