Церемонијата по повод отворањето на фестивалот беше во знакот и во чест на доделувањето на наградите за животно дело „Златна камера 300“ на годинашните лауреати. Великанот на светската кинематографија, Пјер Лом лично ја прими наградата за животно дело од Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Пјер Лом рече дека е многу задоволен што една од наградите му припадна и на великанот Џузепе Ротуно, кој според него покажал што се може да направи кинематографијата. Тој, исто така, истакна и дека кинематограферите се луѓето кои ја овозможуваат филмската уметност и затоа е среќен што фестивалот „Браќа Манаки“ ја слави токму кинематографијата.

-Во оваа пригода би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги филмаџии, а посебно на снимателите браќата Манаки, бидејќи тие се оној „прв човек зад камерата“ што ни покажува од каде почнал филмот, токму оние што биле зад камерата и ги снимале подвижните слики се првите филмаџии. Што се однесува на мене, сметам дека имав многу среќа во животот затоа што работев со луѓе на кои што филмот им беше најважната работа во животот и се надевам дека овој фестивал ќе успее на вам да ви ја долови таа страст – рече Пјер Лом.