Публиката во полната сала на Центарот за култура со громогласен аплауз реагираше на емотивниот говор на благодарност од првиот годинашен лауреат на Златна Камера 300 за животно дело, славниот италијански кинематографер Џузепе Ротуно, кој не беше во можност да дојде во Битола, но преку видео порака и’ се обрати на публиката во Македонија и рече: „Ви благодарам многу за оваа награда, му благодарам на фестивалот Браќа Манаки, за вашата волја да ми ја дадете наградата и тоа ми е големо задоволство“.

 

Во име на Ротуно, заслужен за над 80 филмови кои ја дефинираа европската кинематографија, наградата ја прими неговиот некогашен студент, а сега и самиот кинематографер – Лука Коасин. Тој беше почестен од оваа можност и задоволен што фестивалот „Браќа Манаки“  го одликува делото на овој значаен кинематографер.

Коасин ја замоли публиката во салата да аплаудира за да ја сними и таа снимка да му ја покаже на Ротуно.