Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија, оваа година за прв пат и’ припадна на институција, а не на личност. Претседателот на ДФРМ, Роберт Насков и’ ја посвети наградата на најстарата продуцентска куќа во Македонија, Вардар Филм, која оваа година одбележува 70 години од формирањето.

-За жал, Вардар филм веќе не постои, па затоа нема кој да ја прими наградава. Ова е на некој начин постхумно доделување на наградата и тоа ја покажува нашата негрижа за културата и традицијата. Со оваа награда ДПФМ сака да им оддаде почит на сите кои биле вработени во Вардар филм и на тој начин придонеле за развојот на македонската кинематографија – рече Насков.