Браќа Манаки - Интернационален фестивал на филмска камера

Претставување на АРРИ по повод 100 годишнината од постоењето

На првата прес конференција на годинашново 38. издание на ИФФК Браќа Манаки, веднаш по претставувањето на гостите од филмот на отварањето, директорот на фестивалот,  Благоја Куновски – Доре ќе разговара со г-дин Клеменс Данцер/Clemens Danzer, претставник на глобалната компанија во индустријата на подвижни слики, АРРИ. Во 2017 година, АРРИ ја прославува 100-годишнината од своето постоење. Таа се формираше во 1917 година, во Минхен, Германија каде и денес се наоѓа седиштето на компанијата. АРРИ е водечки дизајнер и производител на системи за снимање и осветлување во филмската и радиодифузната индустрија, со мрежи на глобална дистрибуција и услуги.