Соопштенија (2017)2018-07-01T15:06:05+00:00

38. издание на „Браќа Манаки“ низ бројки

2nd октомври 2017

2 октомвири, Скопје – Со задоволство ве известуваме дека по успешното завршување на 38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа од 23 до 30 септември во Битола, директорот на Центарот за култура во Битола, Зоран Димовски овозможи една од просториите во Центарот, цела година да биде канцеларија на Фестивалот. Му благодариме за подготвеноста за

Унгарецот Марсел Рев е добитник на Златната Камера 300 на фестивалот „Браќа Манаки“

30th септември 2017

30 септември, Битола – 38. издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ вечерва заврши со свеченото доделување на наградите. Покрај истакнатите светски кинематографери и верната битолска публика на фестивалот, на црвениот тепих пристигна и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој му ја врачи Специјалната „Златна Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на режисерот Милчо Манчевски.

Претставен кинематограферот Алексеј Родиoнов и екипата на филмот „Кога денот немаше име“

30th септември 2017

30 септември, Битола – Со задоволство ве известуваме дека гости на прес-конференцијата на последниот фестивалски ден на 38. „Браќа Манаки“ беа кинематограферот на филмот „Забавата“ во режија на Сали Потер, Алексеј Борисович Рoдионов, а се претстави и дел од тимот на македонскиот филм „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска. Фестивалот „Браќа Манаки“, вечерва ќе го

Европската кинематограферска ѕвезда Ањес Годар претставена на фестивалот „Браќа Манаки“

29th септември 2017

29 септември, Битола – Со задоволство ве известуваме дека фестивалот „Браќа Манаки“ денеска беше домаќин на врвни кинематографери од Русија, Унгарија, како и француската кинематографска ѕвезда Ањес Годар. А беше промовирана и монографијата за браќата Манаки, која по долгогодишно истражување на архивот во Битола ја подготви Роберт Јанкулоски. Данил Фомичев, човекот зад камерата на рускиот филм „Како Виктор Лукчето

Од Австрија до Италија и Унгарија – кинематографери од повеќе земји денеска се претставија на „Браќа Манаки“

28th септември 2017

28 септември, Битола - Кинематографери, продуценти и актери од Австрија, Италија и Унгарија, говореа за своите филмови кои публиката имаше можност да ги погледне како дел од програмата на фестивалот, а ги објаснија и предизвиците на кинематографијата во своите држави. Унгарскиот филм од главната компетиција „Месечината на Јупитер“, кој раскажува интересна приказна за бегалец кој се стекнува со моќ

Инспиративни филмски приказни на „Браќа Манаки“ од Африка до Бугарија

27th септември 2017

27 септември, Битола – Филмовите „Фелисите“, од главната компетиција за награди, снимен во Африка и „Ѕверот е се’ уште жив“ од документарната програма, денеска поттикнаа интересни дискусии со гостите на Фестивалот за предизвиците на снимањето филм во Африка, како и комунистичкото минато турнато под тепих во Бугарија. Филмот „Фелисите“ на францускиот режисер Алан Гоми, добитник на Сребрена мечка во

Филмаџиите на Браќа Манаки: Имаме одговорност да апелираме за важните теми во општеството

26th септември 2017

26 септември, Битола - Четвртиот фестивалски ден на „Браќа Манаки“ поминува во знакот на големите кинематограферски имиња. Мастер класа со Кристијан Бергер во соработка со „Првите филмови на прво место“, филмска проекција за најмладите, како и голем избор на филмови за љубителите на европското кино и документарните филмови. Уметничката директорка на фестивалот Гена Теодосиевска, го претстави и годинашното жири

Браќа Манаки: Богат фестивалски ден

25th септември 2017

25.септември, Битола -  Со задоволство ве известуваме дека денешниот ден на фестивалот Браќа Манаки понуди изобилство на содржини и програма. Во големата сала на Центарот за култура започна Детската програма и ученици од неколку основни училишта од Битола уживаат во првиот филм од програмата. Во редовниот термин за прес конференција, гостуваше  кинематограферката на филмот „Трага од Дивеч“ кој е

Фестивал Браќа Манаки: Мастер класа за Ротуно, претставена екипата на „Насоки“ и компанијата АРРИ

24th септември 2017

24.09.2017 Битола – На денешната прес-конференција во фестивалскиот центар – Театар Битола гостуваше екипата на „Насоки“, кој што беше прикажан синоќа на отворањето на фестивалот, како прв од филмовите во главната селекција. Од екипата на филмот „Насоки“, кој е во македонско-бугарско-германска копродукција, присуствуваа кинематограферот Веселин Христов, копродуцентите од македонската продуцентска куќа „Сектор филм“, Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, актерите Тројан

Легендарните кинематографери Лом и Ротуно за почеток на 38. издание на Браќа Манаки

23rd септември 2017

23 септември, Битола – Со големо задоволство ве известуваме дека 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва започна со, веќе традиционалното доаѓање на домашните и странски гости на црвениот килим пред Центарот за култура во Битола, на кој продефилираа светски кинематографери, како и претставници од домашната филмска сцена и видни битолчани во вечерни тоалети. Свеченоста

Сѐ е подготвено за гала отварањето на 38. издание на фестивалот Браќа Манаки

22nd септември 2017

22 септември, Битола – Со задоволство ве известуваме дека утревечер (сабота, 20 часот) со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, а потоа и со премиерата на бугарско - македонската копродукција„Насоки“ на на бугарскиот режисер Стефан Командарев, прв од филмовите во официјалната селекција, почнува програмата на 38. Издание на Интернационалниот фестивал на филмска

Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

21st септември 2017

21 септември, Скопје – Со особено задоволство Ве известуваме дека големиот француски  кинематографер ПЈЕР ЛОМ/ PIERRE LHOMME, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, пристигна во Македонија, заедно со својата сопруга Рене. Тој денеска, по краток престој во Скопје ќе замине во Битола, каде на свеченото