СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА


Ѓорги Пулевски
Ѓорги Пулевски Координатор и селектор на студентска програма

Студентската програма при јубилејното 40-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ повторно ќе е место каде што ќе може да ги погледнеме студентските филмови кои зрачат со незапирлив младешки порив. Студентите претставувајќи ги своите чеда, своите искрени рани дела на филмското платно во Битола, го збогатуваат нашиот фестивал и му даваат одредена автентична динамика која природно блика од нивната креативност. По проекциите на филмовите, студентската програма дополнително е збогатена и со кратки формални и неформални дискусии помеѓу самите студенти кои служат за стекнување нови искуства и прогрес во нивниот пат. Покрај проекциите и дискусиите, имаме подготвено и работилници за студентите во кои ќе имаат можност да разговараат со врвните светски кинематографери кои ќе бидат гости на овогодишното издание. Годинава, како и лани, го задржуваме големиот број филмски академии од 15 земји низ регионот, а за првпат ја организираме студентската програма и студентскиот престој на пет дена  и со ова ја покажуваме сериозноста кон овој дел од програмата, која станува неодделив елемент на фестивалот. Студентската програма на фестивалот ќе трае од  15 до 20 септември, а пошироката публика ќе може да ја проследи во просторот на малата сала во Центарот за култура Битола.

Ѓорги Пулевски
Координатор и селектор на студентска програма

19 септември 2019 15:00
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map
20 септември 2019 15:00
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map